Секогаш кога ќе решам да пишувам некој текст на мојот блог си велам „е од сега има да пишувам многу често, можеби не секој ден но многу често“. И ме фаќа мрза, секогаш имам други „поважни обврски“ и така си најдувам оправдување за мојата неактивност на овој мој блог. Се надевам дека овој текст нема да ми биде последен за оваа година и се надевам дека ќе бидам барем малку поактивен од претходно.
Е сега за насловов „Закон за сметководствени работи“. Конечно се случи и тоа чудо. И ние сметководителите добивме закон или поточно добивме професија која е заштитена со закон. Коментарот за овој закон можеби требаше да биде пред неколку месеци но „јебига“, немав време
. Законот требаше да се донесе многу многу порано, можеби по распадот на Југославија но најдобро е што воопшто се донесе па макар и да е задоцнет. Воглавно е добар, ја штити професијата сметководител (и се надевам дека изразот книговодител конечно ќе замине во историјата). Најмногу што ме радува е тоа што овластен сметководител може да биде само оној кој има Економски факултет, барем да не ми биде за џабе тоа што имам завршено економски факултет. Второ нешто кое ме израдува се привремените уверенија. Секогаш е полесно да се критикува отколку да се пофалува но овој закон е за пофалба. Читав по некои форуми, некои луѓе не прават разлика помеѓу уверенија и лиценци за работа, или не можат да ги сватат полисите за осигурување од ризик кои треба да се вадат. Но јас мислам дека во законот се си убаво дефинирано и пропишано. Секако дека има и недостатоци. Како најголем недостаток мислам дека е тоа што фирмите за сметководство нема да можат да си водат сметководство сами за себе. Но и тоа не е толку страшно и нерешливо.
Во законот убаво си пишуваше дека последен рок за одржување на основачкото собрание на Институтот на сметководители и овластени сметководители ќе биде три месеци од денот на стапување во сила на законот (законот стапи во сила на 03.08.2012 а послединот рок беше 03.11.2012). Тоа и се испочитува и на 03.11.2012 година се одржа собранието. За жал јас иако имам добиено уверение за овластен сметководител и дури и подигнав материјали од министерството за финансии и го пријавив моето учество на собранието сепак не присуствував на истото (03.11 е роденденот на мојот син – а има ли нешто поважно од фамилијата – добро во денешно време парите односно капиталот се најважни но да не отворам нови теми). На седницата на основачкото собрание е избран Надзорниот одбор во состав (во спортски стил): Претседател – Јасмина Милановска и Членови – Гордана Костадиновска, Соња Поповска, Јадранка Соколовска и Хасан Адеми. Регистрите за сметководители и овластени сметковдители мислам дека уште не се отворени. Да ги потсетам само оние сметководители и овластени сметководители кои имаат привремени уверенија имаат 15 дена рок да поднесат барање за упис во соодветниот регистар но тоа откако ќе се отворат регистрите. На собранието беше донесен и статутот на институтот.
Како последен дел од оваој текст сакам да спонам дека во собранието на РМ е поднесен предлог закон за измена на занокот на трговските друштва со цел усогласување со Законот за сметкводствени работи. Согласно измените годишните сметки за оваа 2012 година ќе се поднесуваат и потпишуваат „по старо“ а од наредната 2013 година при потпишувањето на годишните сметки ќе се внесува и бројот доделен од соодветниот регистар. Измените суште не се изгласани но најверојатно ќе бидат во блиска иднина.
Posted in Некатегоризирано | No Comments »