ПДД-ГДП Годишна Даночна Пријава за утврдување на Персонален Данок на Доход. Тоа е кратенката ПДД-ГДП. Оваа пријава ја поднесуваат физичките лица кои оствариле дополнителен приход покрај редовниот (редовен доход како што е плата, пензија, технолошки и сл.). Сите оние кои оствариле само редовен приход не треба да доставуваат ПДД-ГДП. Пријавата се доставува до Управата за јавни приходи во градот во кој живеете и истата се доставува по истекот на календарската година, најдоцна до 15 март наредната година. Во пријавата има наведено повеќе видови на остварливи приходи и тоа по разни видови на договори на дело, договори на закуп, приходи од дивиденди, приходи од игри на среќа, приходи од авторски права идр. Не би сакал многу да филозофирам околу пополнувањето на пријавата и значењето на полината во пријавата од причина што истата е доста проста и едноставна (http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0140/PDD-GDP_Prijava_04-12_06.01.2012.pdf), а и се што е поврзано со пријавата е објаснето на страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) на која има и брошура за оваа пријава (http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0450/ISBN_978-608-4592-29-7_Brosura_Godisna_danocna_prijava_za_utvrducanje_na_personalen_danok_na_dohod_09-458_1_17.01.2012.pdf). Она за што сакав да прокоментирам е тоа каква е реакцијата на граѓаните кон пријавата. Според моето лично искуство а и според искуството на некои мои колеги според реакциите лицата можеме да ги поделиме на четири вида:
- лица кои и претходните години поднесувале пријави или се занимаваат со таква слична проблематика („професионалци“)
- лица кои се плашат („параноични“)
- лица кои се инаетат („опасни“)
- „газди“
Во прввата група спаѓаат оние кои поднесувале пријава и претходните години или некои лица кои се занимаваат со таа проблематика (како на пример сметководителите:). Овие лица не реагираат бурно и обично знаат дека и самата пријава не претставува нешто големо, едноставно ја пополнуваат и најчесто ја поднесуваат на 15 март од причина што знаат како да ја пополнат, па најпрво си завршуваат други работи а пријавата ја оставаат за на крај, во последен момент. Кај нив може да има и грешка (многу ретко) во пријавата, но и на тоа не реагираат бурно туку веднаш ја корегираат. Исто така кај пријавите кои ги поднесуваат може да се појава разлика во персоналниот данок па можно е истите да треба да доплатат данок (најчесто неколку денари).
Е втората група на лица (лица кои се плашат) е најинтересната група на лица кои треба да поднесат даночна пријава. Тие помалку стануваат и параноични. Горе заборавив да спомнам дека почетниот рок за поднесување на пријавата е 15 февруари (кој пак е краен рок за поднесување на ПДД-ГИ за фирмите). Лицата од оваа група најчесто сакаат да ја поднесат пријавата веднаш по 31 декември. Во случај доколку сеуште не добиле потврда за платен данок од фирмите постојано вршат притисок и се јавуваат секој ден и прашуваат кога ќе ја добијат потврдата. И колку повеќе одолговлекуваш толу повеќе се досадни и нонстоп ти звонат „кога ќе ми биде готова потврдата“. Тие дури и мислат дека доколку некоја фирма не им издаде потврда дека тие ќе платат казна и затоа се премногу упорни. И цело време се во паника „Леле кога ке ја поднесам пријавата“ а датумот 13 февруари (уште не почнало поднесувањето на пријавите) :D:D:D. Овие лица најчесто ги поднесуваат своите пријави на 15 февруати и од тие причини може да се случи да заборават да пријават некој приход па после паниката станува уште поголема
. И уште нешто кај пријавите на овие лица истоа така можно е да се појави разлика за плаќање на персонален данок во висина од неколку денари и тогаш започнува притисокот према оној кој помалку го платил данокот, па зошто помалку платил, па кој ќе ја плати сега разликата а разликата 4 денари (дај јас ќе ја платам и „крши гла“ да не те гледам):D:D:D.
Во третата група влегуваат оние луѓе кои се инаетат и се прават „големи“ и „опасни“ бетар од Ал Капоне. Кога ќе му ја пратите потврдата дека е платен данокот и дека треба само да го пријават данокот, нивниот најчест одговор е „Шо да напрам???!!! Да му пријавам???!!! Море…. ни му пријавувам, ни ги матам!!! Тие мене петнајсе години ме остаја на улица, без работа, па сега јас да му пријавувам!!! (Ама казната е 1000 евра) Море каква казна…. непријавувам!!! Шо че напра, ДУШАВА че ми ја зема???!!!“. Тоа е нивниот коментарот. И најчесто тие не поднесуваат пријава (поради страв дека ќе платат данок или пак имаат некој приход на „црно“ па мислат дека ќе се открија идр.). Па потоа кога ќе му стигне решение со глоба од 500 до 1000 евра па после ќе одат во УЈП изреволтирани па ќе сакаат физички да се пресметаат, па веднаш ќе најдат некој кој работи против нив во УЈП
итн.
Последната група на луѓе се „газдите“ или „капиталистите“ (сопствениците на капитал). Доаѓа 15 февруари и тие веднаш на сметководителот „Кога ќе поднесуваме ПДД-ГДП“ а не гледаат дека тој уште мака мачи со ПДД-ГИ и неможе да ја состави. Кога ќе ги добијат потврдите му ги даваат на сметководителот и тој да му ја потполни и поднесе пријавата. А често и забораваат на некој приход и после сметководителот е крив зошто не му кажал, а што да му каже, дека треба да се пријават сите приходи:P. Често имаат некој приход дополнителен, скриен, некоја провизиичка или нешто слично, па сега проблем е и кој ќе го плати неплатениот данок (а тие толку пари зеле па сега за некоја илјада данок, одма се стегнуваат). „Газдите“ исто така цело време прашуваат „Кога ќе ми ја поднесеш пријавата“, како небаре обврска на сметководителот е да ја направи ПДД-ГДП за газдата, како небаре приходот што го остварил газдата е од сметководителот. Овие лица пријавата не ја поднесуваат до УЈП тоа го прават нивните сметководители или други „потрчковци“ и тоа најчесто неколку дена пред истекот на крајниот рок (да не биде 15 март оти повторно на некој начин може да настрада „потрчкото“). Кај пријавите од овие лица може да се појави поголема разлика во персоналниот данок или што е уште полошо може да добијат решение за непријавен дополнителен приход (и тоа во поглема сума) и за сето тоа не се виновни тие туку виновни се тие што му ја потполнувале пријавата. Доволно беше за ПДД-ГДП а претходново напишано за оваа последна група на луѓе нека биде предговор за мојот нареден пост „КАПИТАЛИСТИ“.
6 Responses to “ПДД-ГДП”
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.
хихихихих зошо ја нема мојата група
на даночен обврзник?
“ПОМАЛКУ ПАРАНОИЧЕН”
увек до 10.03 ја поднесујам пријавата
Браво за тебе јас сум пак роден на 10.03 хехехе…. Заборавив да пишам дека има и доста измеѓу видови кои се добиваат како комбинација на четирите основни видови
се додека не воведат прогресивно оданочување и ослободување од плаќање данок … ова ќе биде пародија ала Монти Пајтон…во која мора сите да глумиме.
Од газди, до сметководители од граѓани до бандити.
прогресивно оданочување прво да се воведе.
оданочувањето е во ред, само што не ни чини системот